АД ЕЛЕМ додели стипендии на тројца нови студенти од Техничкиот факултет во Битола

50

Тројца нови студенти од Техничкиот факултет Битола потпишаа договори за стипендирање со АД ЕЛЕМ, стои во официјалното соопштение. Студентите за првпат се стекнуваат со правото на стипендирање од страна на Државните електрани на Македонија, а беа избрани на конкурсот кој Техничкиот факултет во соработка со АД ЕЛЕМ го објави во јуни годинава.

Со новите тројца стипендисти, бројот на студенти од Техничкиот факултет Битола кои добиваат финансиска поддршка од АД ЕЛЕМ достигна петнаесет. За секого од нив, компанијата издвојува по 6.000 денари месечно, десет месеци во годината.

Заедно со денешните три договора за стипендии, во моментов, бројот на вкупно стипендирани студенти од страна на АД ЕЛЕМ, односно новозапишани и студенти во втора, трета и четврта година што ги исполниле критериумите, изнесува 48.