Компанијата Адинг, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 5.201.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Претходната 2017 година, компанијата оствари добивка од 2.758.000 денари.
“На крајот на овој период, остварен е позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 10.201.000 денари и е поголема за 47,6% во однос на минатогодишната, која изнесуваше 6.919.000 денари“, стои во Образложението за настанатите значајни промени во финансискиот резултат.
Вкупните приходи од продажба во 2018 година беа 441.067.000 денари, додека во 2017 година имаа вредност од 429.210.000 денари.