Адора инженеринг доби сертификат Коректна фирма

54

Адора инженеринг доби сертификат Коректна фирма за беспрекорна репутација и одлична етаблираност во бизнисот, како и за коректно спроведување на обврските кон клиентите и партнерите, стои во соопштението.

“Овој градежен бренд покажа одлично ниво на позитивни споменувања во интернет просторот во анализата на европскиот проект Коректна фирма. Притоа, не се детектирани негативни фрази поврзани со името на компанијата во медиумски, Facebook, Twitter и други објави. Високиот позитивен интернет коефициент на Адора инженеринг, во услови кога секој може сѐ да напише и објави на интернет медиумите, за компанијата е уште една потврда за нејзиното одличното реноме како лидер во високата градба во Македонија“, велат од компанијата.

Сертификатот Коректна фирма за Адора е потврда и за врвниот квалитет на изградените домови и деловни објекти, за коректниот однос со клиентите и за истакнувањето меѓу фирмите во високата градба и пазарот на недвижности. Европскиот тренд на истражување на однесувањето и реакциите на интернет корисниците, во Македонија за прв пат го спроведе Друштвото за утврдување на коректни фирми  Корект компани Скопје, врз сите 50-тина илјади стопански субјекти, од кои 1.800 компании досега се сертифицирани како Коректни фирми.