На 5-тиот меѓународен Саем на недвижности 2015, градежната компанија Адора инженеринг се претставува со понудата на 450 нови докажано асеизмички станови, што според современите европски стандарди, од енергетската А – класа, ќе бидат изградени во општина Аеродром, на 15 минути пеш од главниот плоштад во Скопје, во рамките на комплексот со трите изградени објекти на Адора инженеринг.
Особен интерес кај гостите на саемот предизвика новиот инвестициски проект за изградба на капиталниот станбено – деловен објект Порта Адора – Кисела Вода, вистински деловен предзивик што компанијата ќе го реализира годинава на влезот во општина Кисела Вода, во централното подрачје на Скопје.
“Новиот комплекс кој ќе се гради на местото на поранешната фабрика Цветан Димов, кај месноста рампа во општина Кисела Вода, во центарот на Скопје, ќе биде со архитектура мотивирана од познатата висококатница, урбанистичка икона на Њујорк Флетајрон изградена во 1902 година во елитниот кварт Менхетн. На градежно земјиште од 4.403 метри квадратни, кое го купивме на транспарентна јавна лицитација од државата, по цена седум пати повисока од почетната, за што плативме 2.200.000 евра, плус 2.500.000 евра за комуналии, овој стратешки елитен станбено – деловен објект планираме да почнеме да го градиме ова лето. Се очекува овој проект во двете насоки, да оствари финансиски обрт од околу 40 милиони евра. Според архитектонскиот проект кој сега се работи, овој објект треба да биде со висина од 45 до 50 метри, со ексклузивни деловни простории, мезанин и елитни станови на 14 нивоа. Објектот ќе биде со препознатливиот квалитет на градба на Адора инженеринг, со потврдена асеизмичка стабилност, енергетска ефикасност А – класа, со примена на најновите технологии и трендови, кој на станарите ќе им понуди исклучително квалитетни и модерни услови за домување и бизнис. Се очекува во текот на градба, за една и пол година, на реализација на проектот да бидат ангажирани околу 500 градежни работници, со што ќе дадеме голем придонес во македонската економија. Што се однесува на цените тие ќе се движат некаде помеѓу цените на становите во Карпош и општина Аеродром во Скопје, а Адора инженеринг ќе оди со стапка на профитабилност од 10%“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, гененерален директор на градежната компанија Адора инженеринг.
На саемот на недвижности, кој ќе трае до седми март со учество на 300 компании, Адора инженеринг на најсреќниот купувач на стан, ќе му подари комплетно опремување на домот.