Адора инженеринг најсреќните купувачи ги носи на егзотичен одмор на Куба

44

nagradna-igra-adora-odmor-na-kuba

Адора инженеринг по повод 15-годишниот роденден на компанијата, најсреќните купувачи ги носи на одмор на Куба, една од најпосакуваните туристички дестинации во светот, стои во соопштението.

Сите купувачи на стан или деловен простор во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden, кои од 14-ти јули до крајот на септември ќе склучат преддоговор за купопродажба и ќе уплатат 30% од вкупната цена на недвижниот имот, учествуваат во наградната игра Адора Ве носи на егзотичен одмор на Куба. Најсреќниот купувач кој ќе биде извлечен на 30-ти септември, добива наградно патување на Куба за двајца, што ќе се реализира од 1-ви до 13-ти ноември годинава, со авио превоз од Скопје, хотелско сместување во ексклузивниот туристички центар Варадеро, со полна пансионска услуга и можност за интересни екскурзии.

Целта на градежниот бренд познат по бројните изненадувања за купувачите е да им ја збогати среќата од новиот дом со одмор на најпопуларниот Карипски остров. Куба е позната по белите песочни плажи, тиркизното море, рајските острови, бурната историја, салсата и темпераментната музика, олдајмерите. Најсреќните купувачи во Адора ова лето, 2017-та ќе ја помнат по новиот квалитетен, безбеден, економичен дом и по егзотичното, далечно патување на Куба. Оваа награда е уште едно изненадување годинава за довербата што купувачите ѝ ја дават на Адора инженеринг, по доделениот дијамантски прстен, Винскиот викенд и наградата автомобил Мазда CX-3 што на крајот од 2017-та ќе ја добие најсреќниот купувач на стан или деловен простор во објектот Адора Flatiron Скопје.