Фото: Facebook
Аеродромот Changi во Сингапур, којшто шест пати по ред е рангиран како како најдобар од страна на Skytrax, развива софтвер што ќе ги детектира патниците, пишува Reuters.
Така доколку некој доцни системот ќе го пронајде каде се наоѓа и ќе прати известување за патникот.
Новиот терминал на Changi T4, веќе користи технологија на препознавње на лица, со цел да се забрза процесот на пријавување, проверка на багажот и слично.
Со помош на оваа технологија нема повеќе редици и се намалува бројот на вработени на терминалите.
Сепак системот се уште треба да помине низ ред одобрувања и анализи, со оглед на тоа што постои сомнеж за нарушување на приватноста на патниците.