Агенцијата за пошти домаќин на Пленарната седница на ЦЕРП

47

Агенцијата за пошти денеска и утре ќе биде домаќин на 49. Пленарна седница на Европскиот комитет за поштенска регулација (ЦЕРП).

На седницата ќе учествуваат претставници од триесет земји, членки на Конференцијата за пошти и телекомуникации (ЦЕПТ), како и од Европската комисија, Светскиот поштенски сојуз, Федералната агенција за интерактивен директен маркетинг, ЕМОТА и ПостЕуроп.

Главна тема на Пленарната седница ќе биде избор на ново ЦЕРП претседателство и на нови претседатели на работните групи во рамки на ЦЕРП. Ќе бидат разгледани и усвоени годишните извештаи за работењето и активностите на работните групи во рамки на ЦЕРП. Воедно, ќе бидат презентирани и постојните активности во рамки на европската поштенска регулатива и на Светскиот поштенски сојуз.