Акциите на Еуролинк продадени за над милијарда денари

149

На берзата денеска е реализирана блок трансакција со акциите на Еуролинк осигурување. Согласно податоците, во трансакцијата вредна 1.075.550.016 денари се истргувани 3.200 акции.

Претходно, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на седница одржана на 27 февруари, постапувајќи по барањето на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац (GRAWE) за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Акционерско друштвото за осигурување Еуролинк Скопје, донесе Решение за издавање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување.

Според оваа Решение, коешто влегува во сила во денот на донесување, на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG, ѝ се дава согласност да стекне акции, коишто претставуваат вкупен кумулативен износ којшто надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување Еуролинк Скопје.

Фото: Pixabay