Актон го тужи Телеком Словеније и бара 2,4 милиони евра

71

telekomТелеком Словеније ги информира инвеститорите дека добил тужба од четвртиот по големина оператор во Словенија, Актон, во која се побарува исплата на отштета во износ од 2,4 милиони евра плус каматите.

Тужбата и побарувањето се темелат на основа на нарушување на угледот на тужителот.

Телеком Словеније објаснува дека тужбата е поврзана со казнена пријава поднесена против тужителот, кој беше во истражна постапка под сомнение за извршување на казнено дело комерцијална измама.

Како што пишува словенечки Финанце, Телеком Словеније го тужеше Актон за измама по завршување на повикот во Косово. Јавното обвинителство во 2013 година го затвори случајот поради тоа што не најде ништо контроверзно што на било каков начин го терети Актон. Адвокатот на Актон, Домен Гореншек, за Финанце вели дека очекува позитивен исход, а во спротивно, како опција се споменува да излезат пред Европскиот суд на правдата.

Телеком Словеније е сигурен дека ќе ја докаже неоснованоста на оваа тужба.