Албанија сака заедничка туристичка понуда со Македонија

44

ohridsko-ezero_0 Македонија и Албанија, како соседни земји, да имаат заедничка туристичка понуда беше тема на средбата меѓу македонскиот амбасадор во Тирана, Република Албанија, Стојан Карајанов и албанската министерката за Урбан развој и туризам, Еглентина Ѓермени.

Амбасадортот Карајанов истакна дека македонските граѓани за туристички посети и активности минатата година потрошиле околу 500 милиони евра кај соседните земји, од кои дури 30% во Албанија.

На средбата нагласено е дека треба да се продлабочува соработката во сферата на туризмот помеѓу надлежните институции и притоа Карајанов преку албанската министерка Ѓермени ги покани албанските туристички оператори да се претстават на Саемот на туризам што ќе се одржи во Скопје.

Албанските туристички оператори на неколку пати во текот на минатата година соопштија дека последните години е во пораст бројот на туристите од Македонија кои летуваат на албанското крајбрежје, но додаваат дека е во пораст и бројот на албанските туристи и тоа на Охридското крајбрежје, потоа во Маврово и во Дебарски бањи.