Amazon ја презема Cloostermans

119

По неодамнешното купување на iRobot, производител на роботска правосмукалка Roomba, Amazon продолжува да инвестира во развојот на своите производи, технологии и процеси.
Cloostermans соработува со Amazon од 2019 година и за тоа време директно учествуваше во развојот на роботски системи за магацините на Amazon. Со ова преземање, Амазон ќе преземе околу 200 машинисти и инженери на Cloostermans, покрај технологијата за преместување и редење тешки палети и роботиката за пакување на производите. Финансиските услови не се објавени, пренесува Баг.

„Возбудени сме што му се придружуваме на семејството Амазон и го прошируваме влијанието што можеме да го имаме на глобално ниво“, рече Фредерик Беркмос-Џос, извршен директор на Cloostermans, во изјавата објавена од Amazon. „Амазон ја подигна границата за тоа како технологиите на синџирот на снабдување можат да имаат корист за вработените и клиентите, и со нетрпение очекуваме да бидеме дел од следното поглавје на оваа иновација“.

Претходно оваа година, протечениот меморандум сугерираше дека Амазон се бори со недостиг од персонал во складиштето, а оваа инвестиција во роботиката може да помогне да се реши тој проблем, пренесува TechCrunch.