Amazon патентираше дрон што ќе “комуницира“ со корисниците

48

camera-2585494_960_720

Фото: Pixabay

Amazon го поднесе патентот за беспилотно летало коешто ќе овозможи интеракција со потрошувачите, уште во јули 2016 година, а истиот минатата недела беше официјално одобрен од страна на Канцеларијата за патенти на САД, пренесува New Atlas.

Овие беспилотни летала ќе можат да одговорат на човечки гестови, без разлика дали се звучни и визуелни. Дроновите ќе имаат вградени аудио сензори и ќе се опремат со база на податоци за човечки гестикулации, со чија помош ќе ги препознаваат.

Така беспилотното летало би можело да се приближи до луѓето, ако тие му мафтаат со рака, или да се оддалечи, ако на пример налутено врескаат.