На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.
На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
На магистралниот пат А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На 23.05.2014 год. започнува изведба на градежни работи „Реконструкција и рехабилитација на патната секција Велес – Кадрифаково“ Фаза 2 : од депонијата Велес до с.Лозово.
На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.
На патниот правец Фурка – Дојран, Р-1105, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, како и почитување на поставената патна сигнализација.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.