Apple им враќа на акционерите 100 милијарди долари

50

Фото: Pexels

Apple им враќа 100 милијарди долари на акционерите, благодарение на солидните продажби на iPhone коишто придонесоа за раст на приходите од 16% или нешто повеќе од 61 милијарда долари, пренесува BBC.

Компанијата продаде 52,2 милиони iPhone телефони во првите три месеци и покрај намалената глобална побарувачка за паметни телефони.

Приходите од бизнис-услугите на Apple кои вклучуваат Apple Music и App Store скокнаа речиси една третина на 9,1 милијарда долари.

Apple има околу 145 милијарди долари на сметка, но планира да им ја врати готовина на инвеститорите.