Apple ги предупреди клиентите да очекуваат одложувања во испораките на iPhone поради ограничувањата предизвикани од коронавирусот во производствена фабрика во Кина.
Технолошкиот гигант објави дека неговата фабрика за склопување телефони во Кина сега работи со значително намален капацитет, што привремено влијае на примарниот капацитет за склопување на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.
На 2 ноември, официјалните лица го затворија квартот во кој се наоѓа фабриката за iPhone на Foxconn, која е најголема во светот, на седум дена. Неодамна, исто така, имаше извештаи дека работниците во фабриката за склопување iPhone во Кина ја напуштиле фабриката откако бранот случаи на „Ковид-19“ ја принуди фабриката целосно да се затвори.
„Продолжуваме да бележиме силна побарувачка за моделите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. Сепак, сега очекуваме помалку испораки на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max од претходно очекуваното, а клиентите ќе се соочат со подолго време на чекање за да ги добијат своите нови производи “, предупреди Apple.