Apple потврди дека е потпишан долгоочекуваниот договор со China Mobile, најголемиот светски телекомуникациски оператор, кој на американскиот технолошки гигант ќе му ги отвори вратите на најголемиот мобилен пазар на светот, пренесуваат агенциите.
Најновите модели на Apple, iPhone 5s и iPhone 5c ќе почнат да се продаваат во продавниците на China Mobile на седми јануари, но не е објавено по која цена, ниту кога ќе почне продажбата нa iPad.
Договорот го потпомогна кинеската влада со доделување на лиценца за 4Г мрежа на трите најголеми телеком оператори, со што е овозможена компатибилност на iPhone со кинеската мрежа.
China Mobile е најголем светски телеком оператор со преку 750 милиони корисници, од кои 170 милиони се на 3Г мрежа. Но, кинескиот 3Г стандард што го користи оваа компанија се покажа некомпактибилен со iPhone, па затоа дел од корисниците се префрлија на помалите кинески оператори, чии мрежи се ускладени со меѓународните 3Г стандарди.