Apple се подготвува за огромни инвестиции во Kia

70

Акциите на Kia имаат највисоко ниво уште од 1998 година, достигнувајќи цена од 87,70 долари по акција, откако се појави информација дека Apple се подготвува за инвестиција.

Hyundai и Apple веќе некое време се поврзуваат со можна соработка во иднина, а според најновите извештаи, американскиот технолошки гигант подготвува огромна инвестиција во Kia, дел од групацијата на Hyundai. Акциите на Kia достигнаа највисоко ниво уште од 1998 година, а според извештајот, Apple е на прагот да постигне голем договор со кој корејскиот производител ќе произведува електрични возила.

Инвестицијата, за која се шпекулира дека ќе изнесува 3,6 милијарди долари, ќе знае дека Kia ќе произведува автомобили со брендот на Apple во погонот на корејскиот бренд во Џорџија, САД. Се наведува и дека 17 февруари ќе биде датумот кога договорот ќе се потпише, а првите Apple автомобили ќе влезат во производство во 2024 година.

Сепак, извештајот, кој најпрво се појави на DongA.com, не цитира никакви извори, а Kia и Apple одбиваат да коментираат, пренесува Bloomberg. Сепак, матичната компанија на Kia, Hyundai, претходно официјално истакнаа дека се во преговори со Apple, за потоа во два наврати да ја сменат својата изјава.

Apple веќе подолго време преговара со Hyundai

Првичната изјава на Hyundai споменува дека тие се само едни од производителите со кои Apple преговара. Првата ревизија на ова соопштение го елиминираше споменувањето на други производители, а финалната верзија го отфрли дури и Apple од целата приказна. Наместо тоа, официјалната изјава гласеше дека тие добиле „барање за потенцијална соработка од разни компании кога станува збор за изработка на автономни електрични возила“.

Apple, за кои е познато дека цврсто молчат за своите идни планови, е дел од шпекулации за производство на автомобили уште од 2014 година. Во 2014, Project Titan на Apple наводно бил формиран со цел да се истражи можноста за развој на електрични возила. Партнерството со Hyundai или Kia ќе му овозможи на Apple да добие автомобилска експертиза и потребното производство, дури и ако шпекулациите за автономна технологија се точни.

Hyundai кој се насочува кон ЕВ иднината, неодамна ја разви својата нова E-GMP платформа, која може да служи како совршена база за Apple автомобилот. Hyundai тврди дека нивната нова електрична платформа ќе овозможи опсег на движење од 500 километри и може да се наполни до 80 проценти за само 18 минути. E-GMP платформата ќе се најде и кај новиот Ioniq 5, како и претстојниот Kia ЕВ.

Преземено од Avtoplus.mk