Атлантик Група оствари раст на приходите во првата половина од годината

60

co_genericke-013

Фото: Атлантик Група

Атлантик Група во првата половина од 2017 година оствари вкупни приходи од продажба во износ од 336,4 милиони евра, што во споредба со првото полугодие од 2016 година претставува раст од 2%. Добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 37,8 милиони евра, што претставува зголемување за 8,4%, додека нето добивката по малцинските интереси се зголеми за 15,4% на 20,7 милиони евра. И покрај намалувањето на пазарниот удел во малопродажните ланци во составот на Агрокор како најголем купувач, Атлантик Група со проширувањето на соработката со друите купувачи оствари вкупен раст на продажбата во првиот дел од годината.

Првите шест месеци ги одбележа дивестицијата на производството на спортска исхрана на трета страна и фокусирање на развој на брендираното работење во овој сегмент. Фабриките во германскиот Блекеде и во Нова Градишка ги презема стратешкиот партнер, белгиската компанија Аминолабс, за вкупен износ од 27 милиони евра. Во погонот во Нова Градишка, Атлантик го задржа малцинскиот удел, а во двете фабрики компанијата договорно ќе продолжи да го произведува асортиманот на спортска исхрана во соработка со стратешкиот партнер и директно ќе инвестира пред се во развој на производи, маркетинг и продажба на брендот Multipower, приближувајќи го до премиум сегментот, стои во соопштението.

„Атлантик Група во првата половина на 2017 година оствари раст на продажбата на поголемиот дел од пазарите на кои е присутна и раст на профитабилноста во речиси сите бизнис области. Исклучително сме задоволни со резултатите, кои повторно покажуваат стабилност во работењето, оправданост на стратегијата која се ослонува на вложување во сопствените брендови и силна дистрибуција, како и успешно управување со ризиците на сите полиња. Преку стратешкото партнерство со водечкиот европски производител на спортска и здрава исхрана за трети лица, го завршивме реконструирањето на Стратешката бизнис област Спортска и активна исхрана, насочувајќи ја сопствената сила на развој на брендираното работење. Успешно ги надминавме и ограничувањата поврзани со потешкотиите со кои се соочува нашиот најголем купувач и продолжуваме со развој на дистрибутивното работење, кое континуирано расте, подеднако со сопствените и принципалските брендови“, изјави Емил Тедески, претседател на Управата на Атлантик Група.

На вкупниот раст на продажбата на Атлантик Група, во првото полугодие, највеќе влијаеја стратешките бизнис области: Деликатесни намази со раст од 6,8%, Пијалоци со раст од 5,8% и Слатко и солено со раст од 4,2%. Стратешката дистрибутивна област Хрватска забележа раст од 5,8%, а стратешката дистрибутивна област Србија, раст од 2,1%. Кафето, со 20,1 процентен удел во вкупните приходи од продажбата се истакнува како најголема поединечна категорија со 67,6 милиони евра приходи од продажба. Сопствените стокови марки на Атлантик Група усчествуваат во продажбата со 68%, дистрибуцијата на производи на трговски марки од принципалите со 20,4%, фармацевтскиот ланец Фармација со 7,6%, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни трговски марки за големите деловни системи во земјата и во странство учествуваат со 4% во вкупниот приход во првите шест месеци.