Atmotube – преносен мини уред што го мери загадувањето на воздухот

77

Студиотот за индустриски дизајн NotAnotherOne, коешто е стационирано во Сан Франциско, дизајнираше преносен, мини уред што го мери квалитетот на воздухот.

Компактноста на Atmotube овозможува корисникот да го носи секаде со себе, закачен како привезок за некој предмет, на пример, ранец, велосипед или дел од облеката. 

Напреавен е од пластика со алуминиумски детали и тежи помалку од 100 грама.

Уредот со три вградени сензори, ја мери присутноста на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките во воздухот како и штетните органски соединиенија што произлегуваат од горење на јаглен, гас и цигари.

Atmotube го мери квалитетот на воздухот во реално време и податоците ги испраќа до телефонот на корисникот преку bluetooth. Доколку регистрира загадување над дозволеното го алармира корисникот да ја смени насоката на движење или да стави заштитна маска, пишува Dezeen.

Освен тоа уредот го мери и атмосферскиот притисок, температурата и влажноста на воздухот.

Фото: Atmotube