Австрија значително го намали ДДВ за некои сектори

56

Австрија значително ги намали стапките на данок на додадена вредност (ДДВ) за угостителството и културниот сектор, за да им помогне да ја надминат кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Законот вчера го усвои парламентот, а новата стапка на ДДВ од 5% вклучува хотели, ресторани, билети за културни настани и паркови на природа, како и за медиумски содржини и уметнички дела.

Стапката на ДДВ во рестораните во моментов е 20% за пијалаците и 10% за храна. Во културата, тоа е 13%.

Намалувањето на стапката на ДДВ е составен дел од пакетот мерки со кои владата се обидува да ѝ помогне на економијата во услови на криза.

Фото: Pixabay