Азербејџанската нафтена компанија ја презема грчка ДЕПА

43

SOCARДржавната нафтена компанија на Азербејџан, СОКАР, е во финална фаза од преговорите за преземање на грчката компанија за гас ДЕПА, изјави првиот човек на СОКАР, Ровнаг Абдулајев. Тој додаде дека тендерската процедура за приватизацијата е завршена и сега се преговара со грчката страна.

Според Абдулајев, аквизицијата на ДЕПА значи појавување на СОКАР на пазарот на дистрибуција на гас, со што дополнително ќе го зајакне извозниот потенцијал на компанијата.

Минатата недела својата понуда за купување на оваа грчка компанија ја повлече руски Газпром, кој важеше за сигурен кандидат. Како причина за откажувањето Гаспром ја наведе загриженоста за финансиска одржливост на компанијата.

Грчката влада очекува дека од продажбата на ДЕПА ќе добие најмалку 700 милиони евра. Атина преку продажба на државен имот мора до крајот на септември да обезбеди 1,8 милијарди евра.