Банкротираше, должеше над три милиони долари, а денес е една меѓу најбогатите музичарки

489

Стефани Џоан Ангелина Германота на малкумина им е позната, но ако се спомене Лејди Гага тогаш веќе на сите им станува јасно. На само 14 години ги имала првите настапи во ноќен клуб во Њујорк, што за нејзе беше отскочна даска за успехот што следуваше потоа. Професионално почнува да се занимава со музика во 2008 година со својот деби албум The Fame.

“Банкротирав по втората концертна турнеја The Monster Ball, од 2009 до 2011 година. Беше смешно бидејќи не знаев дека се случило такво нешто. Имав долгови од три милиони долари“, изјави Лејди Гага во една прилика.

И покрај ова финансиско фијаско, 34-годишната пејачка и авторка многу брзо си го вратила богатството. Истата 2011 година, успеала да ја надмине Опра Винфри и да се најде на листата 100 најбогати познати личности на Forbes. Таа година успеа да заработи 90 милиони долари.

“Убавината за мене е во тоа што сум уметник и мојот сон никогаш нема да умре, бидејќи не сум опседната со материјални работи и не се заморувам со пари или внимание од јавноста, туку само со љубовта на моите обожаватели. Навистина, парите мене ништо не ми значат“, рекла Лејди Гага.

Освен во музиката, таа го покажа својот талент и на филмското платно. Благодарение на Ѕвездата е родена (Star is born), Лејди Гага е добитник на престижните Греми, Оскар и Златен глобус, што не само ја зголеми нејзината популарност, туку и сметката во банка.

Освен од уметност, Лејди Гага заработува и од спонзорски договори со Barnes&Noble, Versace…, а има и линија на парфеми и шминка што одлично поминува на пазарот.

Гага може да се пофали и со богато портфолио од недвижнини, како што се вила со базен во Малибу за коишто во 2014 година плати 22,5 милиони долари. Пред да си купи сопствен дом, Гага живеела во изнајмен пентхаус за којшто одвојувала 22.000 долари секој месец. Може да се пофали и со вредна колекција на накит, колекција од парчиња облека и накит што му припаѓале на Мајкл Џексон.

Според Forbes, Лејди Гага во 2018 година заработи 50 милиони долари, а лани се проценува дека годишната заработка ѝ била околу 40 милиони долари. Благодарение на продажба на нејзините албуми, успешни концерти, турнеи, настапи и спонзорски договори, Лејди Гага сега има богатство од околу 275 милиони долари.

Фото: Facebook