Barsys Smart Coaster – личен коктел мајстор

63

Barsys Smart Coaster е мал преносен уред којшто покажува колку и какви состојки се потребни за да се направи одреден коктел.

Личи на мал диск и се поврзува со Barsys апликација. За да се направи коктелот треба само да се стави чашата на него и да се одбере саканиот пијалак, пишува Engadget.

Апликацијата кажува која состојка треба да се додаде, а уредот ја менува бојата кога треба да се престане со додавање на одреден пијалак или кога треба да се додаде друг.

Според извршниот директор на Barsys, Акшет Тевари, на луѓето треба само да им се каже “како треба состојките да се измешаат“.

Barsys Smart Coaster ќе излезе на пазарот во декември и ќе се продава по цена од 149 долари.

Фото: Facebook