Фото: Belex.rs
Финтел Енергија од Белград е компанија којашто во поновата историја на Белградската берза ја помина постапката на отворање на компанијата преку процес на Иницијална јавна понуда (IPO). Акциите на Финтел Енергија се вклучени во таканаречената Prime listing на Белградската берза, што претставува најквалитетен сегмент од пазарот на капитал во земјата.
Процесот на IPO заврши на 30-ти октомври, а додека траеше понудата, запишани се вкупно 1,5 милиони акции. На овој начин, Финтел Енергија од инвеститорите на пазарот собрала околу 6,3 милиони евра наменети за понатамошен развој на компанијата и ширење на мрежата на ветерници во Србија.
“Првата иницијална понуда во Србија по 80 години е од повеќекратна важност, како за самата компанија Финтел Енергија, така и за Белградската берза, но пред сè за српскиот финансиски и економски систем…“, изјави Синиша Крнета, директор на Белградската берза.
Акциите на Финтел Енергија на Белградската берза ќе почнат со тргување од 20-ти овој месец, а вкупната очекувана пазарна капитализација, односно берзанска вредност на компанијата Финтел Енергија ќе изнесува околу 112 милиони евра на почетокот на тргувањето. Од тој датум, и професионалните инвеститори и граѓаните ќе имаат прилика да тргуваат со акциите на Финтел Енергија, секој работен ден од девет до 14 часот.
M&V Investments од Белград ја извршува функцијата маркет мејкер во тргување со акциите на Финтел Енергија.