Бензините и дизел горивата поевтинуваат за 1,5 денари

47

polni-gorivo-pixabay-580x385

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Бензините и дизел горивата поевтинуваат за 1,5 денари по литар.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде пониска за 1,50 денари и ќе изнесува 66 денари за еден литар. Исто толку поевтинува и Еуросупер БС – 98, чија нова цена ќе биде 68 денари за литар.

Цената на дизелот се намалува за 1,50 денари, па така еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 51 денар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 39,50 денари за литар, а мазутот  М-1 НС ќе се продава по цена од 26,397 денари.