Бензините поевтини за еден, дизелот за половина денар

31

benziska pumpa

Бензините од ноќеска ќе поевтинат за еден денар, додека дизелот ќе добие цена пониска за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 70,50 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 72,50 денари.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар. Со тоа цената на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,627 ден/кг и ќе изнесува 25,691 ден/кг.