Бензините поевтини за еден, дизелот за три денари

39

benzin

Бензините поевтинуваат за еден, додека дизелот за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 61,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 63,50 денари за еден литар. Дизел горивото поевтинува за три денари, па новата цена ќе биде 43,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит и ќе изнесува 32 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,774 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 14.12.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,969 ден/кг.