Бензините оваа недела ќе се продаваат по цени пониски за пола денар, додека дизелот ја задржува истата цена и оваа недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 59,50 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 61,50 денари за литар.
Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) и оваа недела ќе се продава по 53 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за половина денар и неговата нова цена ќе биде 53 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,060 ден/кг.
Фото: Freepik