Бензините поевтинуваат пола денар, дизелот по стара цена

44

benzin

Бензините од полноќ поевтинуваат за половина денар, додека дизелот и во следните две недели ќе се продава по иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 61,50 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 63 денари за еден литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат. Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесуваат 48 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 36,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,387 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.09.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,408 ден/кг.