Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени од еден до 1,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините Еуросупер БС – 95 и 98 поевтинуваат за денар, па нивните нови цени оваа недела ќе бидат 58,50, односно 60,50 денари за литар.
Дизелот Еуродизел (Д-Е V) поевтинува за 1,50 денари и ќе чини 49 денари за литар.
За исто толку поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 49 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 7.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 24,549 ден/кг.
Фото: Pixabay