Бензините поевтинуваат за еден, дизелот за пола денар

69

 

Фото: Pixabay

Од полноќ бензините поевтинуваат за еден, додека дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 69,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 71,50 денари. Еуродизелот (Д-Е V) поевтинува за половина денар, на неговата нова цена ќе биде 61,50 денари за литар. Исто така, за пола денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 51 денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,914 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.07.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,167 ден/кг.