Бензините од полноќ добиваат нови и пониски цени, додека дизелот и оваа недела ќе се продава по стара цена, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 68 денар, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 70 денари за литар.
Дизелот и во следните седум дена ќе се продава по 62 денари за еден литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапи за половина денар и ќе чини 51 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,004 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,344 ден/кг.
Фото: Pixabay