Фото: Pexels
Бензините добиваат нови и повисоки цени, додека нема промени кај дизелот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 поскапува за еден денар, со што новата цена е 63 денари. Цената на Еуросупер БС – 98 се зголемува за половина денар и ќе чини 64,50 денари за еден литар. Дизелот Еуродизел (Д-Е V) и во следните две недели ќе се продава по 48 денари за литар. За половина денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 37 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,112 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.08.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,881 ден/кг.