Фото: Pixabay
Бензините поскапуваат за еден, односно 1,50 денари, додека дизелот поевтинува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за 1,50 денари за литар и ќе чини 66 денари. За еден денар поскапува Еуросупер БС – 98 и ќе се продава по цена од 67,50 денари за еден литар.
Еуродизел (Д-Е V) поевтинува за половина денар и новата цена ќе му биде 60,50 денари за литар. Исто така, за пола денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 49 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,149 за ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.03.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,698 ден/кг.