Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот за пола денар

74

benzini pumpa

Горивата од ноќеска имаат нови и повисоки цени, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 се зголемуваат за 2,5 денари за литар, додека дизел горивото ќе се продава по цена повисока за половина денар.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 67,50 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 69,50 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 55,50 денари за литар, а на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44 денари за литар.

Зголемување од 0,745 ден/кг има и кај мазутот М-1 НС и ќе чини 26,925 ден/кг.