Горивата од ноќеска добиваат повисоки цени од ноќеска, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
За два денари поскапуваат Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98, по што новите цени ќе им бидат 64, односно 66 денари за еден литар. Новата цена на Еуродизелот (Д-Е V), ќе биде повисока за три денари и ќе изнесува 50 денари за литар.
Ммалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), исто така поскапува за три денари, па новата цена ќе биде 38,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,419 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.05.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 20,883 ден/кг.