Бензините од полноќ добиваат нова цена повисока за половина денар, додека дизелот ја задржува старата цена и во следните две недели, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 67 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 69 денари за еден литар. Еуродизел (Д-Е V) и во следите две недели ќе чини 53,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 42 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,718 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.12.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,827 ден/кг