Бензините поскапуваат за пола денар, дизелот по стара цена

54

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, додека цената на дизелот и оваа недела останува ист, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Во текот на оваа недела, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 67 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 69 денари.

Дизелот Еуродизел (Д-Е V) и оваа недела ќе се продава 62 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,122 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,832 ден/кг.

Фото: Pixabay