Бензините поскапуваат за пола денар, дизелот по стара цена

47

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ ќе поскапат за пола денар, додека дизелот Еуродизел (Д-Е V) и оваа недела ќе се продава по стара цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 58,50 денари, а новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 60,50 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство оваа недела ќе чини 49,50 денари за литар, а дизелот и неделава ќе се точи по истата цена (49,50 денари).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,196 ден/кг.

Фото: Freepik