Бензините поскапуваат за три, а дизелот за 2,5 денари

36

benzin avtomobil

Бензините поскапуваат за три денари, додека дизелот ќе се продава по цена повисока за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 58 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 60 денари за еден литар. Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 43,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари и ќе изнесува 32 ден/лит.