Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни нафтени деривати во земјава.
Според одлуката, еден литар Еуросупер БС – 98 ќе биде поевтин за половина денар и ќе чини 72 денари. Намалување од еден денар има кај дизелот, кој ќе чини 57 денари за литар, како и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), што ќе чини 45,50 денари.
Цената на Еуросупер БС – 95 не се менува, со што ќе продолжи да чини 70,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,171 ден/кг и ќе изнесува 27,763 ден/кг.