Бензинот Еуросупер БС – 98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) поевтинуваат за половина денар, додека останатите горива ќе се продаваат по стара цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 98 ќе чини 63,50 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 36,50 денари за литар. И во следните две недели, цената на Еуросупер БС – 95 ќе биде 62 денари за еден литар, а на дизелот Еуродизел (Д-Е V) 48 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,213 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.09.2016 година и со тоа новата цена е 22,795 ден/кг.