Бензинот поевтин за 1,5, дизелот поскап за половина денар

43

makedoncite-vozat-so-najevtin-benzin-i-so-najmala-akciza-222329Регулаторната комисија за енергетика денеска ја донесе последната одлука за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати. Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 1,5 денари, а дизелот ќе биде поскап за половина денар.

Еуросупер БС95 ќе биде поевтин за 1,5 денари и од полноќ ќе се точи за 70,5 денари по литар. За 1,5 денари поевтинува и Еуросупер БС98, кој од утре ќе се продава за 72,5 денари по литар.

Дизелот поскапува за половина денар и од полноќ неговата цена ќе биде 58 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 46,50 денари, додека мазутот М-1 НС ќе може да се купи за 28,934 денари по килограм.