Бесплатни 15.000 литри гориво за институциите што се справуваат со коронавирусот

153

Вкупно 15.000 литри гориво, компанијата Лукоил Македонија, бесплатно ќе им додели на институциите коишто се справуваат со коронавирусот, стои во соопштението.

Бесплатното гориво ќе биде наменето за Министерство за здравство, Центарот за јавно здравје, Институт за јавно здравје и Црвен крст на Македонија.

“2020 година со сигурност сите ќе ја запаметиме како исклучително тешка година. Човештвото во моментов се справува со можеби еден од најтешките предизвици во поновата историја. Владите преземаат мерки за справување со епидемијата, како и за намалување на штетите од потенцијална економската криза. Голем дел од бизнис секторот прави сè што е во негова моќ со цел да помогне, да ги поддржи институциите како и сите оние кои во оваа исклучителна ситуација им е потребна помош. Една стара руска мудрост вели ‘немај илјада рубљи, имај илјада пријатели’. А вистинските пријателите се тука во тешките времиња. Искрено се надевам дека со доделувањето на гориво за институциите на системот и Црвениот крст ќе придонесеме во нивното успешно функционирање и обезбедување здравствена и друга помош за граѓаните во овој тежок период“, вели Андреј M. Куку, регионален управител на Лукоил Македонија.

Институциите ќе добијат картички за гориво издадени од Лукоил Македонија кои ќе можат да се искористат на бензинските станици на Лукоил низ државата во претстојниот тежок период.

“Лукоил Македонија ја користи оваа прилика уште еднаш да им порача на македонските граѓани да ги следат насоките од Министерството за здравство за заштита и превенција од коронавирусот и им упатува желба за добро здравје. Во исто време, Лукоил Македонија се заблагодарува за пожртвуваноста на целиот медицински персонал, волонтерите, но и сите оние кои се директно вклучени во борбата за справување со Covid – 19“, велат од компанијата.