Блиц: Кои се најуспешните српски бизнисмени?

49

Miodrag Kostic

Број еден меѓу српските бизнисмени и оваа година е сопственикот на МК група, Миодраг Костиќ. Неговата компанија Суноко во 2013 година заработи скоро 43 милиони евра. Тоа е за околу 8,6 милиони евра помалку од претходната година. Со голем плус од 5,16 милиони евра работела и компанијата Карнекс на Костиќ, пишува српски Блиц.

Минатата година била успешна и за сопственикот на Делта холдинг, Мирослав Мишковиќ. Неговата група заработила скоро три милиони евра, што е за околу 860.000 евра помалку од 2012 година. Според податоците на Агенцијата за стопански регистри, најдобро работел неговиот шопинг центар Делта сити, а на листата најуспешни е и Делта аграр.

Добра година зад себе има и Петар Матијевиќ, сопственик на месната индустрија Матијевиќ. Тој во 2013 година заработил 15,5 милиони евра, што е за 3,4 милиони помалку од 2012 година, пишува Блиц.