Американскиот производител на авиони, Boeing и германскиот производител на автомобили Porsche ќе работат на креирање на електричен, летечки автомобил.
Од двете компании сè уште нема детали за сумите што ќе бидат вложени, ниту за цената на идното возило, пишува CNN.
Матичната компанија на Porsche, Volkswagen AG, најголемиот производител на автомобили, постави цел во следните десет години да создаде 22 милиони електрични возила, опфаќајки ги сите своите брендови.
“На долги патеки, овој сојуз може да значи и движење кон трета димензија на патување“, велат од Porsche.
“Porsche и Boeing заедно ќе ‘донесат’ прецизен инженеринг, стил и иновација и ќе го поттикнат урбаниот, летечки начин на патување низ целиот свет“, потенцираат од Boeing.
Американската компанија веќе покажа прототип на самоуправувачки електричен автомобил, пред неколку месеци.
Фото: Pixabay