Богаташите добиваат уште едно место за чување на богатството

109

Швајцарија, позната како бастион на дискретно, сигурно банкарство, наскоро ќе им понуди на богаташите во светот уште еден избор за чувување на вреден имот: камени трезори сместени во подножјето на Алпите, пренесува Bloomberg.

“Вашиот сеф во цврста карпа. Безбедно место за чување на средства и чувствителни податоци“, велат од Bruenig Mega Safe AG, компанија којашто гради трезори.

“Компанијата планира да го искористи просторот во внатрешноста на планината, што е приближно на 10 фудбалски игралишта“, рече член на Одборот на компанијата, Уго Шитенхелм.

Камените sидови обезбедуваат постојана релативна влажност од 40% и температура од 12 степени Целзиусови. Цените се движат од 500.000 долари, а може да се чуваат уметнички дела, злато, берзански сертификати, автомобили…

На Bruenig Mega Safe му требаат околу седум милиони швајцарски франци (7,5 милиони долари) од првичните купувачи за да започнат со изградба. Работата треба да започне на почетокот на следната година, а првите трезори треба да бидат достапни околу 18 месеци подоцна.

Фото: bruenigmegasafe.ch