Book app е ново ИТ решение на македонскиот пазар. Што е book app?

1032

Book app е систем за онлајн закажување на термин наменет за стоматолошки ординации, коешто е функционира 24/7 и им овозможува пациентите во било кое време и од било кое место по пат на интернет и согласно своите потреби онлајн да си закажат термин кај својот стоматолог и тој термин е автоматски резервиран и потврден и недостапен за други пациенти. Ова во интервју за Бизнис Инфо го открива Ненад Фидановски, директор на Глобал Нет.

Бизнис Инфо: Како дојдовте на идеја за ова решение?  

Од сопствено негативно искуство. Секогаш кога треба да идам на стоматолог се јавувам директно кај докторот кој не ми се јавува веднаш, па кога ќе го добијам ми вика чекај да проверам, па ќе ми се јави и цела таа процедура трае предолго и ми одзема време и нерви. Затоа, преку ова софтверско решение секој може да си го планира времето кога ќе го посети својот стоматолог при тоа без да се јавува во ординација, туку со влез на интернет и во софтверското решение гледа кој термин е слободен и на него му одговара и истиот го резервира автоматски. Денес, во секој момент ние користиме интернет за различни работи и потреби. На работа, дома, во автобус, во такси… буквално секаде. Некои од нас купуваат преку интернет, други патуваат преку интернет, некои го користат за забава. Сепак, во делот на закажување на услуги онлајн кај нас сè уште не е застапено. Денес можете да резервирате хотел во Грција, Бугарија, Австрија, Малта, но стоматолог во Македонија мора да се јавите на телефон. Ако сте пациент, ќе биде потребно да почекате до понеделник и да се јавите за слободен термин, а ако сте доктор, тогаш распоредот не го знаете во викенд.

Бизнис Инфо: Што е предноста на вашето решение?

Преку Book app ние нудиме софтверско решение за онлајн закажување на термин во согласност на можностите и потребите на пациентите, без истите тие да го трошат своето време и времето на стоматологот преку јавување и усогласување на терминот. Предност е што ова преку Book app, коешто е достапно 24 часа, 365 дена, за викенди, за празници, во секое време и од секое место, пациентот има можност да го закаже посакуваниот термин којшто веднаш ќе биде потврден со самото притискање на “закажи“, а и докторот автоматски ќе биде информиран дека во тој термин тој пациент има закажано. Со Book app, на пример, и пациент од Австралија ќе може да го закаже посакуваниот термин кај својот стоматолог неколку месеци пред да дојде во Македонија и сè тоа со неколку кликови.

Book app нуди можност самите пациенти да си одберат термин во согласност со своите можности, без да го трошите драгоценото време на докторот или сестрата. Уште повеќе, тоа може да го направите 24/7. Секој термин што ќе се закаже е резервиран од ваша страна, а вие и доктор ќе добиете известување по емаил. За разлика од некои сајтови на стоматолозите во Македонија, има можност за закажување на термин, но потврда за резервација не добивате моментално, туку е потребно време од неколку часа до ден.

Бизнис Инфо: Дали Book app има потенцијал во Македонија?

Интернетот е иднината. Како што и претходно кажав денес преку интернет можеш да купуваш да резервираш хотел, авион, да нарачаш и платиш одреден производ и уште многу други работи. Интернет е веќе потреба и стоматолошките ординации сакале или не ќе мораат да ги следат новите трендови и да се приспособуваат на барањата на клиентите кои си го ценат своето време и огромен дел од своите обврски ги прават по пат на интернет. Во оваа ера на технолошки напредок за среќа, без Book app веќе нема да може да се работи на старомоден начин. Book app е веќе целосно имплементирано во неколку ординации, и реакциите се одлични. Докторите на почетокот беа скептични, но сега веќе и да не можат да го замислат своето работење без Book app, дури и се чудат како многу порано не го имплементирале. Предноста за пациентите е што можат да закажат термин во секое време, но и истиот да го откажат еден ден пред да дојдат.

Една од големите предности што самите доктори ја гледаат и на која ни укажуваат е можноста да го гледаат својот распоред во текот на целиот ден, сабота и недела.  Покрај тоа, преку закажувањата стоматолошката ординација има многу повеќе податоци односно телефонски броеви, email адреси итн. Предноста за пациентите е што можат да закажат термин во секое време, но и истиот да го откажат еден ден пред да дојдат.

Бизнис Инфо: Дали во соседните земји има вакво решение?

Пред да го креираме Book app истражувавме дали има вакво решение во Македонија или во соседните земји. Се изненадивме дека за наша среќа не постои вакво решение во Албанија, Косово, Србија и Бугарија и нашиот план е Book app да го развиеме уште повеќе и да го понудиме на соседните пазари како македонски производ.