Фото: Pixabay
Фармацевтската компанија Босналијек стана сопственик на компанијата Pharmamed, пишува Klix.ba.
По успехот на рускиот и други странски пазари, како и најавата за влез на пазарот во Турција, компанијата Босналијек ги потенцира инвестициите во домашните компании и ја шири палетата на производи.
“Сега се отвора одлична прилика и за Pharmamed во синергија со Босналијек да ги пласира своите производи на бројни пазари на коишто веќе го докажа својот квалитет и високите стандарди. Уверени сме дека ова ќе биде поттик за понатамошен развој на фармацевтската индустрија во Босна и Херцеговина“, вели Недим Узуновиќ, директор на Босналијек.
Ова преземање, според него, е почеток на реализација на амбициозните планови на менаџментот на Босналијек.
Pharmamed е фармацевтска компанија со седиште во градот Травник во БиХ, основана во 1996 година.