Бразил и Шведска рекордери во платени слободни денови за своите работници

114

Секој вработен се радува на своите слободни денови кога може да се релаксира и опушти, да замине некаде, да помине повеќе време со најблиските.

Сепак, од земја до земја бројот на платени слободни денови варира. Тука се вбројуваат и државните празници чијашто бројка, исто така, се разликува од држава во држава.

Бразил е земја каде работниците имаат најмногу слободни денови – 30, а заедно со 11-те празници таа бројка изнесува 41. Кон Бразил со иста бројка, се приклучува и Шведска со 25 слободни денови и 16 празници.

По нив следуваат:

Финска – 40 слободни денови (30 платено отсуство + 10 празници)

Литванија – 39 слободни денови (28 платено отсуство + 11 празници)

Франција – 38 слободни денови (30 платено отсуство + осум празници)

Португалија – 38 слободни денови (25 платено отсуство + 13 празници)

Велика Британија – 37 слободни денови (28 платено отсуство + девет празници)

Исланд – 37 слободни денови (24 платено отсуство + 13 празници)

Австрија – 35 слободни денови (22 платено отсуство + 13 празници)

Данска – 34 слободни денови (25 платено отсуство + девет празници)

Наведените десет земји нудат најмногу слободни денови за своите вработени, додека пак од друга страна САД не нудат задолжителни слободни денови. Финалната одлука е на работодавачот сам да одлучи дали и колку слободни денови ќе му даде на вработениот.

Во Македонија има вкупно 32 слободни денови, од коишто 20 се задолжителни, а останатите 12 се неработни празници.

Фото: Pixabay